На 24 октомври минатата година отидов до Зукоти Парк во downtown Менхетен за со свои очи да го искусам Occupy Wall Street движењето што инспирираше масовни протести насекаде низ светот против нееднаквоста и разузданоста на финансискиот сектор, кои точно беа идентификувани како главните причини за финансиската криза во 2008 и веднаш потоа рецесијата во која западнаа најразвиените западни економии. Во САД, дури 70% од вкупното зголемување на платите во 80-те отиде на контото кај најбогатите сега веќе фамозни 1% од вкупната популација. Но и во овие 1% постои драматична нееднаквост каде најбогатите 0.01% заработуваат 5% од вкупниот БДП на САД. Зголемувањето на нееднаквоста во САД е видливо и според растот на Џини индексот од 38.6 (во 1968 година) на 46.8 (2009), кој се користи како главен индикатор за нееднаквоста на примањата во една држава.
Но додека во САД постојат безброј индикатори преку кои може да се проследи растот на нееднаквоста, во Македонија ниту една институција не води никаква евиденција за социјалната нееднаковст, или доколку води, тогаш добро се потрудиле да ги сокријат резултатите од јавноста. Такви информации на вебсајтот на Заводот за статистика нема да најдете. А тоа што не е видливо, не постои, па ниту може да биде тема на политичка расправа. Но една таква расправа и те како е релевантна бидејќи прецизно го доловува поширокиот контекст на социјалната деградација во Македонија со години наназад.
Зошто е нееднаквоста важна?
Одреден степен на нееднаковост е неопходен за секоја економија, бидејќи униформноста по правило ги уништува мотивацијата за успех и економскиот динамизам. Но после одредено ниво, нееднаквоста станува терет за економијата поради чисто економски, вклучително и социјални причини. Нееднаквоста во примањата најчесто не е проста рефлексија на нееднаков придонес кон производниот процес. Дури и кога пазарот е целосно слободен, постојат голем број на т.н. market failures (кои се должат на мноштво фактори како на пример неможноста стопроцентно да се следи трудот на работникот откако е најмен, и многу други бихејворалистички и contracting ефекти, но за тоа во друга прилика): Таквите market failures овозможуваат да настане неправедна распределба на приходите која не соодветствува со реалниот придонес и труд. Нееднаквоста на примањата доведува до нееднаквост на можностите за личен развој и напредок, до нееднакви права и слободи, и сето тоа е многу поизразено во правно квази-функционални општества како македонското. Нееднаквоста во примањата е трагична бидејќи се пренесува од генерација на генерација; со тоа трајно се осакатува огромен човечки потенцијал на кој никогаш нема да му биде дадена шанса да се развие и да допринесе за севкупниот развој. И како трета причина, нееднаквоста е погубна и по квалитетот на демократијата која ја практицираме, бидејќи сиромашни и слабо информирани граѓани се подложни на манипулација, тоа влијае и на квалитет на политичкиот дискурс, а со тоа и на целокупниот културен и интелектуален развој на едно општество.
Нееднаквоста во Македонија
Иако институциите во Македонија јавно не говорат за растечката социјална нееднаквост, Светската Банка повремено издава процени на Џини индексот за Македонија. Просто кажано, Џини индексот е бројка базирана чисто на распределбата (а не и на висината) на годишните примања во една земја која варира од 0 до 100, каде 0 означува максимална еднаквост (сите добиваат исто), а 100 е максимална нееднаквост (1 човек добива се, а остатокот ништо). Нееднаквоста во Македонија задниве 15 години доживува експлозија, која достигнува темпо и размери што ја засенуваат дури и таа во САД. За само 10 години, од 1998 до 2008, Џини индексот се искачи од 28 на 44, со што Македонија практично премина од групата на европски земји во групата на земји од Супсахарска Африка според степенот на нееднаквост. Најдраматичен пораст на Џини индексот се забележува во периодите 1998-2002 и 2005-2008 (види график). Со најскорешниот проценет индекс од 43.7 (2009), Македонија го држи првото место според нееднаквост во цела Европа, вклучувајќи ги и останатите Балкански држави кандидати за членство во ЕУ, и е далеку над европскиот просек од 30.5. Всушност нашиот индекс е идентичен со просекот на земјите од Супсахарска Африка, каде невидена сиромаштија егзистира рамо до рамо со палатите на мала привилегирана политичка и бизнис елита. САД се единствената индустриски високо развиена земја со огромна нееднаквост од тој размер. Но Македонија не е САД. Доколку таму порастот на нееднаквоста е резултат на екцесите на финансиската и бизнис елита и доколку и осиромашениот слој граѓани може да си приушти пристојни услови за живот, Македонија е истовремено и една од трите најсиромашни земји во Европа, и тука последиците на нееднаквоста се многу поблиску до оние во земјите од Супсахарска Африка отколку до тие во САД.
Извор: The World Bank, Eurostat.
Окупирајте ја Илинденска
Тоа што се случува на планот на социјалната еднаквост во Македонија во последните 15 години најпрецизно може да се опише како цивилизациски регрес. Доколку пред 15 години Македонија на планот на социјален развој беше на ниво споредливо со останатите европски држави, денес веќе сме во клубот на земји од Супсахарска Африка. Кон социјалната деградација придонесува и стагнацијата во јавното здраство, деградацијата на јавното образование, како и институционалната нееднаквост (партизираноста на институциите). Но најпоразувачки од се е како ова социјално разградување без преседан се спроведе речиси бесшумно во држава која уставно се декларира себеси за социјална: без ниту еден поголем синдикален, студентски или граѓански протест мотивиран од тие причини. Зафатени со секогаш поважните политички и идентитетски прашања, Македонците се чини не забележаа како социјалната држава им се распаѓа пред очи, и како една мала политичка и бизнис елита се збогати за сметка на големото мнозинство невработени и осиромашени граѓани. Наместо да ја окупираат Илинденска години пред нив, македонските граѓани гледаа како Американците го окупираат Вол Стрит и шеруваа странски написи и слогани на фејсбук, небаре истото само 5 пати полошо не им се случува дома. Индексите и статистиките за кои зборував погоре се само бездушни бројки, но тоа се сепак бројки кои одразуваат нечии човечки судбини. Политичката левица која случајно или не, беше и се уште е во опозиција додека се случува најдраматичниот раст на социјалната нееднаквост во историјата на оваа држава, и понатаму не умее да ги артикулира овие бројки во јазик кој граѓаните ќе можат да го разберат и во него да ги препознаат своите секојдневни битки за опстанок и загубени надежи за иднина која нуди еднакви шанси за сите.
Friday, May 25, 2012
Tuesday, May 22, 2012
Грчка трагедија и македонска мелодрама
Последниот чин
Земјата што се смета за лулка на европската демократија набргу може да стане кофчег на европската економија. Грчката економија уште од почетокот на кризата е во слободен пад: во последните два квартала грчкото БДП се намали за 7.5% односно 6.2% во однос на истиот период претходната година, невработеноста вртоглаво расте достигајќи 22% во февруари, а долгот постојано и забрзано се зголемува (за 30 милијарди евра годишно). Значи Грција не го отплаќа својот долг, туку уште повеќе се задолжува за да враќа камати кои и понатаму растат, а од друга страна платите кои треба да се оданочат за да се враќа долгот се смалуваат поради наметнатите кратења на буџетот. Во вакви услови, грчкиот банкрот веќе не е прашање на веројатност дали ќе се случи или не, туку е прашање на време, освен ако во меѓувреме не се променат математичките закони. Во последниов месец се случија два настани кои навестуваат дека можеби само неколку месеци не делат од апокалиптичната разврска на оваа грчка трагедија.
Првиот се секако изборите: грчкиот народ се изјасни дека мерките за кастрење на буџетот кои им ги наметна ЕУ имаат преголема цена во човечки судбини која Грците не се спремни да ја платат. Двете доминантни партии ПАСОК и Неа Демократиа кои единствено беа согласни да ја спроведуваат политиката на ЕУ не добија доволно гласови за да можат да формираат широка коалиција и покрај масивниот бонус од 50 пратеници кој грчкиот изборен модел и го доделува на прворангираната партија. Предвидени се нови избори за јуни, но дури и да успеат мејнстрим партиите да формираат влада, јасно е дека социјалниот притисок само ќе расте и дека банкротот со оваа фискална политика е математичка и економска нужност. Но сега условите се и битно сменети. Соочена со гневот на грчката јавност, Меркел веќе почна да мавфта со морковот најавувајќи олеснување на мерките за штедење и мини-стимулус пакет за грчката економија. Освен што ја покажува шизофреничната политика на ЕУ, односно немањето јасен политички курс, овие најнови ветувања се во најдобар случај недоволни сами по себе да се врати грчката економија на оддржлива патека, а во најлош - обичен блеф, кој ќе трае до моментот кога ќе биде формирана новата грчка влада по желба на ЕУ, ако воопшто до тоа дојде.
Вториот момент е тоа што Грција со форсираните кратења на буџетот и отпуштања полека успева да излезе од примарниот дефицит во кој сега се наоѓа. Примарен дефицит значи дека дури и кога државата не би ја отплаќала каматата на моменталниот долг, таа се уште троши повеќе отколку што собира од даночни приходи. Инаку Грците моментално плаќаат неодржливи 6.8% од вкупниот БДП во камати(!). Примарниот дефицит е опасен бидејќи во случај на банкрот ја приморува земјата да прави непредвидливи кратења на суштински буџетски трошоци поради недостаток на пари (бидејќи веќе нема да може да позајмува). Значи моментот кога Грција ќе излезе од примарен дефицит, опцијата банкрот ќе биде и технички полесно изводлива.
Што откако Грција ќе прогласи банкрот
Финансиските пазари се пазари базирани на доверба. Во моментот кога Грција ќе прогласи банкрот, инвеститорите ќе се уверат дека Европската Централна Банка (ЕЦБ) не сака да го гарантира долгот на земјите членки и ќе настане финансиска паника во моментално најзадолжените земји (Португалија, Шпанија, Италија). Инвеститорите ќе почнат да ги повлекуваат парите од банките додека истите не банкротираат или не воведат рестрикции, а каматите на долгот на овие земји ќе скокнат. Но ако Грција и Португалија може да бидат жртвувани и штетите да бидат апсорбирани од системот, Шпанија и Италија се сепак преголем залак за еврозоната. Европските банки кои имаат капитал во форма на шпански, италијански и грчки обврзници ќе банкротираат кога сиот тој капитал ќе исчезне преку ноќ во случај на банкрот на овие земји. Финансискиот систем ќе биде во тотален крах, еврозоната ќе се распадне, а европскиот проект ќе го доживее најсилниот удар во својата историја. Стравот од ваквото можно контаминирање на пазарите е тоа што ја прави Грција во овој момент многу важен играч и поради кој Меркел и Оланд се двоумат помеѓу моркови и стапови. Стапот, од друга страна, е Грција да биде исклучена од еврозоната, исклучена од финансиските пазари, заглавена во долги судски процеси за реструктуирање на долгот, како и дипломатски маргинализирана. Од друга страна, доколку новата грчка влада соработува со ЕУ, можно е да се договори за излегување од еврозоната и/или делумно отпишување на долгот, но и во тој случај за да функционира новото решение потребни се драстични "haircuts" (взаемно „доброволно„ договорени намалувања на долгот помеѓу грчката влада и инвеститорите).
The bodycount
Хепиенд за Грција не може да има. Прашање е само колку страдање ќе мора да се нанесе на европските граѓани пред европските елити да бидат присилени да го променат курсот. Доколку новата грчка влада продолжи со мерките за „штедење„ мизеријата им е загарантирана во наредната декада. Ниту една земја во историјата не успеала да се извлече од економска депресија со мерки за штедење. Помалку лошата алтернатива е Грција да излезе од еврозоната, да ја воведе драхмата и да ја девалуира новата валута во однос на еврото. На тој начин грчките услуги ќе станат покомпетитивни (цените за одмор во Грција ќе паднат до 50% според некои процени), што ќе придонесе да се ревитализира економијата и да се намали невработеноста. Секако увозот ќе стане поскап, и во тој случај земјата не би смеела да западне во буџетски дефицит, бидејќи ќе нема начин да го финансира, но патот за опоравување ќе биде трасиран. На грчка страна е и тоа што финансиските пазари се ирационални и се чини имаат кратко паметње: во многу случаи земјите кои банкротираат се враќаат на финансиските пазари во рекорден рок (2-4 години) и позајмуваат по разумни камати.
ЕЦБ од своја страна би требала цврсто да застане како гарант зад депозитите во шпанските и италијанските банки во случај на финансиска паника, што значи дека би морала да обезбеди пари за сите евентуални побарувања од граѓаните. ЕЦБ не сака тоа да го направи бидејќи тоа би значело пренасочување финансиски средства од поголемите земји кон европската периферија и зголемување на инфлационите притисоци, на што најмногу се противи Германија. Мандатот на ЕЦБ е да одржува инфлација од 2% и секое отстапување од тоа мора да биде одобрено од владите на земјите членки, вклучително Германија. Оланд се чини нема цврст став по ова прашање. И така судбината на Европа се наоѓа на крстопат водена од неспособни елити без политичка храброст и мудрост да учат од историјата.
Македонската мелодрама
Македонското политичко водство не успеа навреме да ги разбере влоговите во европската покер-партија и да се позиционира во склад со македонскиот национален интерес. Доколку грчката ситуација наликува на класична грчка трагедија, бидејќи пророчиштето веќе им ја соопштило на Грците судбината одредена од боговите во Брисел и Атина, и колку и тие да се борат против тоа, трагичната судбина мора да се исполни; тогаш македонската ситуација наликува на мелодрама: вештачки карактери, патетични емоции, пресилен драматизам 'and a whole lotta кич'. Македонскиот премиер во манир на херој од индиска мелодрама кука и плаче. Но и ќе изјави:
„Главниот виновник за нашето не влегување во НАТО има свое име, и се вика Грција. Недвосмислено, тоа е земја која во последните две децении со сите сили го кочи нашиот развој и напредок, вложува огромни ресурси во тоа, троши огромен политички кредит, и прашањето со нас го користи, пред се, во внатрешно-политички цели и популистичка пропаганда.„
Груевски е премногу во право. Грција навистина го истроши својот политички кредит со лажни статистики, расипничко трошење со кое ја доведоа целата европска економија до работ на колапс, политички обструкции во однос на Македонија и Кипар, пасив-агресив анти-американизам, и конечно, кога веќе и банкротот е на повидок, ќе мора да се соочи со одмаздољубивоста на моќни финансиски интереси кои никогаш повторно нема да ги видат своите пари вложени во грчкото стопанство. Но за тоа време, и Македонија го истроши својот политички кредит гушејќи ја слободата на медиумите и загрозувајќи ја демократијата и владеењето на правото; исто така политички инструираното карикирање и силување на сопствената историја и култура, тотално нетактичкото прекрстување на аеродромот, автопатот, како и подигнувањето на „огромниот среден прст за Грција„ сред главниот плоштад (го цитирам министерот за надворешни). Сведок бев како македонскиот амбасадор во САД ги „брани„ македонските позиции во спорот со Грција пред американски професори со класични аргументи кои можете да ги чуете од Латас на Сител, теории кои со тотално анахрони за секој високо-образуван Американец. Македонските власти наместо легалистичка, одбраа погрешна стратегија базирана на етно-центризам и историски ревизионизам и со тоа не успеаа да ја искористат историската шанса да ја притиснат Грција во моментот кога нејзиниот углед во светски рамки го дистигнува историското дно. Одговорноста за тоа не може да е колективна, туку ќе мора некој ден да ја понесат Груевски и неговите идеолози. Во меѓувреме, сите се навлечени на мелодрами.

Subscribe to:
Posts (Atom)