Во 2013 бруто надворешниот долг на Македонија достигна 5.5 милијарди евра, односно 220% од вредноста во 2006, кога Груевски дојде на власт. Во периодот 2009-2013, од почетокот на проектот Скопје2014, долгот на Централната Влада се зголеми од 20.6% од БДП на 30.4% од БДП. И критичарите и поддржувачите ќе се сложат дека некои идни генерации ќе треба да ги враќаат овие пари. За критичарите ова обично претставува показател дека неодговорната власт ги задолжила идните генерации за да може денешната генерација да добие некоја краткорочна корист, бенефиции без инвестиции, пари искористени за купување социјален мир кои нема да може да се оплодат и вратат. Но реалноста е далеку полоша - и покрај енормното задолжување, по 8 години владеење економските политики на Груевски донесоа тотална економско-социјална катастрофа. Следниве графици го илустрираат економскиот колапс по најважните четири социјални димензии: плати, невработеност, сиромаштија и нееднаквост. Статистиките се дадени во контекст на останатите балкански држави, што покажува дека дури и во една таква никаква конкуренција Македонија успеала да заринка на дното.
1. Македонија е европски рекордер по невработеност. Навидум смалената невработеност во последните години се должи на фактот што населението масовно се иселува.
Кога овие бројки ќе се земат предвид, излегува дека воопшто не се создаваат работни места, туку си оди работната сила.
2. Македонија е европски рекордер по нееднаквост. Нееднаквоста во Македонија премина од скандинавски во афрички стандарди, токму во периодите кога ВМРО била на власт.
3. Македонија е на второ место во Европа според стапката на сиромаштија. (по Украина) Под власта на Груевски, стапката на сиромаштија пораснала за повеќе од 50%: од 19% во 2006 на 30.4% во 2011.
4. Просечната плата во Македонија и Хрватска стагнирала најмногу на Балканот.