Wednesday, April 23, 2014

Економско-социјалната катастрофа од владеењето на Груевски во 4 графици

Во 2013 бруто надворешниот долг на Македонија достигна 5.5 милијарди евра, односно 220% од вредноста во 2006, кога Груевски дојде на власт. Во периодот 2009-2013, од почетокот на проектот Скопје2014, долгот на Централната Влада се зголеми од 20.6% од БДП на 30.4% од БДП. И критичарите и поддржувачите ќе се сложат дека некои идни генерации ќе треба да ги враќаат овие пари. За критичарите ова обично претставува показател дека неодговорната власт ги задолжила идните генерации за да може денешната генерација да добие некоја краткорочна корист, бенефиции без инвестиции, пари искористени за купување социјален мир кои нема да може да се оплодат и вратат. Но реалноста е далеку полоша - и покрај енормното задолжување, по 8 години владеење економските политики на Груевски донесоа тотална економско-социјална катастрофа. Следниве графици го илустрираат економскиот колапс по најважните четири социјални димензии: плати, невработеност, сиромаштија и нееднаквост. Статистиките се дадени во контекст на останатите балкански држави, што покажува дека дури и во една таква никаква конкуренција Македонија успеала да заринка на дното.

1. Македонија е европски рекордер по невработеност. Навидум смалената невработеност во последните години се должи на фактот што населението масовно се иселува. Кога овие бројки ќе се земат предвид, излегува дека воопшто не се создаваат работни места, туку си оди работната сила.

2. Македонија е европски рекордер по нееднаквост. Нееднаквоста во Македонија премина од скандинавски во афрички стандарди, токму во периодите кога ВМРО била на власт.

3. Македонија е на второ место во Европа според стапката на сиромаштија. (по Украина) Под власта на Груевски, стапката на сиромаштија пораснала за повеќе од 50%: од 19% во 2006 на 30.4% во 2011.

4. Просечната плата во Македонија и Хрватска стагнирала најмногу на Балканот.

5 comments:

  1. Od kaj gi izvadivte ovie statiski ako smeam da prasam? Sporeduvani se statisticki podatoci od razlicni godini za edna ista rabota. 1990/1991 godina postoese drzavata Jugoslavija vo koja i Makedonija bese del, taka da da se sporeduvaat tie podatoci so podatocite od podocneznite godini e greska. Vo vreme na vladeenjeto na SDSM bea izbrkani od rabota iljadnici luge i togas porasna stapkata na nevrabotenost vo edno vreme i do 37% na nevraboteni luge, otidoa pod stecaj stotici firmi i fabriki, se formira armijata na stecajci i da ne gi zaboravime TAT, svercot so cigari, nafta i oruzje, prekunoknoto sozdavanje na odredena grupa na tajkuni koi iskreno nezaea imeto da si go napisat pravilno a kamoli stranski jazik ili kompjuter, uporno nevrabotuvanje i totalen neinteres vo i za zdravstoto i plus fingiranje i duenje na statistickite pokazateli i procentite za godinite od nivnoto rabotenje. Posledicite od nivnoto vladeenje nemozat da se saniraat ni vo narednite 100 godini a kamo li za 8.

    ReplyDelete
  2. -Анонимен, бројките за GINI во 90-те доаѓаат од Европската банка за обнова и развој, има на крајот посебно поглавје за Македонија:
    http://www.ebrd.com/downloads/research/transition/TR99.pdf

    -Ако била Македонија дел од СФРЈ, не значи дека не постоеле статистики на републичко ниво.

    -Точно е дека за стапките на сиромаштија споредувани се различни години(баш како што е и наведено за секоја земја која година). Не е идеално, но тоа е бидејќи за мерење на сиромаштијата не се прави анкета секоја година, па земени се најскорешните достапни податоци во зависност од земјата, според Светска Банка (кои пак ги преземаат од националните агенции за статистика):
    http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_percentage_of_population_living_in_poverty
    Веројатно има и други извори кои ги земаат предвид и поскорешните анкети. Ако најдеш некој што битно ќе го смени ранкингот и ќе ја симне Македонија од тронот на држава со најмногу сиромашно население слободно сподели го. Уште одма ќе ти кажам дека џабе ќе се мачиш, бидејќи сосема е логично најнееднаквата земја да има и најмногу сиромашни (кои се дефинираат во однос на релативната граница на сиромаштија, т.е. во однос на средниот животен стандард во земјата).

    ReplyDelete
    Replies
    1. Od Aleksandar Mircevski. Gospodine Goran, jas ne mislam deka vie ste gi izrabotile podatocite nitu deka gi fingirate, tuku imam zabeleska na nacinot na koj se pretstaveni i prikazani od vas posto ocigledno od samiot izvor haoticno i nerealno se vrseni analizite pa makar bile podatoci od GINI. Gi posetiv web stranicite posoceni od vasa strana i povtorno doagam do zaklucok deka pogresno e da se sporeduvaat podatoci za Makedonija 2008-ma so podatoci na primer za Bosna 2011 i slicno bidejki sekoja godina ima razlicni ekonomski razdvizuvanja kako lokalno taka i globalno. Ako sakame da dobieme tocna slika potrebno e da se sporedat pokazatelite za poedini drzavi tocno i sistematski od godina vo godina a ne vaka, ova e sprotivno na site statisticki pravila, zatoa ke dobiete pogresni grafikoni. Isto taka smetam deka ako sakate da gi sporedite SDSM i VMRO, potrebno e da se sporeduva od 1992 godina pa navamu se do denes, bidejki kako sto rekov 1990/91 Makedonija i ekonomski, politicki, stopanski, geostrateski, voeno, pazarno bese del od eden drug sistem vo koj ne vladeese SDSM za da se sporeduva, bez razlika dali bese podobro ili poloso, a normalno deka i vo taa drzava na republicko nivo bile izgotvuvani statisticki izvestai, toa se znae, megutoa sepak mislam deka e pogresno tie podatoci da se sporeduvaat vo ovoj kontekst.

      Delete
  3. Александар мирчевски, пак да пвторам - националните статистички заводи не ја мерат сиромаштијата секоја година и не се координирани меѓу себе. Нужно е податоците да бидат од различни години. Или тоа, или воопшто да не споредуваме. Годината на податокот е точно наведена за секоја земја, нема тука никаква манипулација. Ако не ти се допаѓаат споредбите, сепак останува фатктот дека под Груевски сиромаштијата пораснала за повеќе од 50% за само 5 години. И тоа е сосема доволно за целта на постот.
    Дали ќе бидат обоени 90та и 91ва во графиконот со плава боја (СДСМ) или не, апсолутно ништо не менува. Прифаќам дека поради педантност не треба да стои за тие години СДСМ, туку КПМ.

    Кога на некој не му одат во прилог бројките тогаш се фаќа за сенешто. Или што би рекол Хегел: „Ако фактите не ја поддржуваат идеологијата, дотолку полошо за фактите.„ И до утре да се објаснуваме кога некој не приоѓа на некоја работа со отворен ум и интелектуална искреност, џабе е. Биди поздравен.

    ReplyDelete
  4. Најдов некои апдејтирани бројки за стапката на сиромаштија, далеку под македонското ниво.
    Албанија - 14.3 (2012)
    Црна Гора - 9.3 (2011)
    За Бугарија и Босна нема понови податоци за жал.

    ReplyDelete